Со сите владини политики, програми и мерки ќе се справиме со невработеноста од ковид кризата, најавува Битиќи

Покрај преку Оперативниот план, работната сила која е останата невработена поради ковидкризата може да се вработи и преку другите програми на министерствата кои генерираат работни места. Ние цела 2021 и 2022 година ќе се справуваме со ваквите последици, нагласи денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
-Веќе најавив дека во процес се инвестиции кои ќе генерираат над 3.000 работни места. Таму секако ќе се вработуваат тие кои се највработливи, односно тие кои останале без работа заради Ковид-19. Токму тие за нас се највработливи затоа што биле активни чинитгели на пазарот на трудот и тие најпрви вообичаено се враќаат. Затоа треба да ги избираме програмите на кохерентен начин, рече Битиќи во одговор на прашање при денешната презентација на Оперативниот план за активни програми и мерки 2021 година.
Најави дека преку сите политики, програми и мерки што ги носи Владата ќе се справат со невработеноста што настана заради ковидкризата.
Со мерките во новиот Оперативен план, како што посочи, се опфатени 10.000 лица и има зголемување на програмата од 4 милиони евра што е значително повеќе од минатата година. Тоа, како што кажа, е оптимално во моментов. Додаде дека за наредната година најверојатно ќе има ново зголемување на средствата за програмата.
Ново на Сител
-

Трамп за досиејата Епстин: Немаме што да криеме, време е да се стави крај на измамата на демократите
-

Седумдесет години од основањето на Бирото за развој на образованието
-

Началникот на Генералштабот, Лафчиски на Координативната конференција на командантите на јужното крило на НАТО
-

Облачно со температури до 19 степени
-

Николоски го отвори Виена економскиот форум
-

Бурата Клаудија усмрти три лица во Португалија, а предизвика поплави во Велика Британија
-

Нетанјаху тврди дека ќе се спротивстави на формирањето на каква било палестинска држава
-

Вицепремиерот Николоски ќе го отвори Виенскиот економски форум, ќе ги презентира економските политики на Владата
