Со ребалансот на Буџетот ќе се исплатат сите субвенции за сточарството, повтори Хоџа
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа денеска уште еднаш повтори дека со ребалансот на Буџетот ќе бидат исплатени сите субвенции за сточарството.
За најавениот протест на сточарите во петок, Хоџа оцени дека се работи за група луѓе кои се злоупотребени политички.
-Кога се генерализира „битолските млекари“, треба да се каже дека се работи за одредена група која постојано се злоупотребува политички. Сум се видел со луѓето и немам намера да одговарам на таквите прозивки. Во делот на сточарството сум имал средби со Сојузот на сточари, а сум во постојана комуникација со нив и следната недела ќе има јавна дебата за Законот за пасишта. Со ребалансот на Буџетот ќе се исплатат сите субвенции за сточарството, истакна Хоџа.
Сточари од здружението „Пелагониско поле“ пред два дена излегоа на предупредувачки протест зашто не биле исполенти владините ветувања за исплата на субвенциите до крајот на јуни. Тие најавија блокирање на главните сообраќајници низ државата ако до петок не добијат гаранции дека ќе им се исплатат субвенциите за 25 месеци.
Министерот Хоџа еден ден претходно, на Денот на задругите, од Преспа порача дека субвенциите за сточарите ќе бидат исплатени со ребалансот на Буџетот.
Ново на Сител
-
Едно лице одзело осум кеш бокса и сеф од казино во Чаир
-
Тројца малолетници тепале свој врсник, еден од нив снимал со телефон
-
Ноќва возач излетал од коловозот кај порта Македонија и удрил во тенда од продавница
-
Русија и Украина разменија по 1.000 воени заробеници
-
Двајца затвореници од Идризово барале „рекет“ од мајка на друг затвореник за негова „гаранција и заштита“
-
Претрес во дом на лице кое нападнало полицајци, пронајдена бела прашкаста материја
-
19-годишник од Кавадарци и ја украл ташната на постара жена, при што ја турнал и ја повредил
-
Таравари го разреши Арбен Фетаи од партиската функција