Со посна трпеза Прилеп го прославува „Свети Никола“

Со утринска литургија во црквата „Свето Благовештение“ и со посна трпеза во центарот на градот, Прилеп денеска го слави светецот заштитник и патрон „Свети Никола“.
Своите благослови за празникот денеска напладне пред параклисот во центарот на градот ги испратија владиката Петар и градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.
Обраќајќи им се на присутните, владиката Петар нагласи дека Свети Никола е еден од најголемите светци кој правел многу добри дела.
- Како што тој правел многу добри дела, така и ние се обидуваме да го следиме неговиот пример. Еве ние, како МПЦ сме отворени за прибирање донации, кој колку може за сиромашните и за сите на кои им требаат средства за Божик, рече владиката Петар.
- Речиси половината прилепчани го слават „Свети Никола“ како домашна слава, а другите им одат на гости. Инаку градот последниве години се развива на секој план: економски, со инвестиции, на културен и спортски план. Се надеваме дека така ќе биде и понатаму, рече Ристески.
Традиционално на булеварот „Гоце Делчев“ беше поставена посната трпеза. Покрај приготвените 65.000 посни сарми имаше и 200 килограми грав, 350 килограми риби, по 100 килограми маслинки и овошје, 2.000 литри вино. Според прилепчани, традицијата треба да се негува и да се одржува.
Во чест на прославата на патронот на градот која се организира по 11-ти пат, во Домот на културата „Марко Цепенков“ беше отворена и изложба на икони посветени на Свети Никола.
Ново на Сител
-

Приведена жена од скопско која била агресивна кон нејзиниот сопруг
-

Од утре променливо облачно и нестабилно време со врнежи, пообилни во вторник и среда
-

Мерка притвор за лице кое во Штип полово вознемирувало 16-годишна девојка
-

Во Тирана одржан најмасовниот протест против "Зврнец", учествуваа 250 илјади демонстранти
-

Македонец ја убил Гркинката исчезната пред три седмици, телото го закопал во поле
-

Во вторник второ пријавување во јуни за упис во средните училишта, слободни над 11 000 места
-

Од денеска директна авиолинија Виена - Охрид
-

Почнува летото
