Македонија
31. July 2023 - 16:31

Со помош на УСАИД Босилево доби едукативен центар и градинка

Со поддршка на УСАИД општина Босилово отвара едукативен центар за деца во селото Радово. Центар е наменет за предучилишната  возраст и има капацитет за 24 деца, но со можност за негово проширување. Целиот проект чини околу 4 милиони и 600.000 денари, а се реализира во партнерство помеѓу неколку организации.

Едукативниот центар се реализира како дел од програмата за развој на заедницата што ја имплементира УСАИД на територијата на 18 општини. Во Босилово партнер во програмата е локалната акциска група Беласица Огражден.

Паралелно со едукативниот центар од септември ќе биде ставена во употреба и детската градинка во општинскиот центар во Босилово која има капацитет за згрижување на 65 деца.