Со помош на изработен лажен клуч, две лица провалиле во стан во Скопје и одзеле 250 евра и накит

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило – Тешка кражба од член 236 став 1 и Изработување и набавување оружје и средства наменети за извршување на кривично дело од член 395 став 3 од Кривичниот законик.
-Осомничениот, на 24 февруари, заедно со друго лице кое се уште не е идентификувано, со провалување во затворени простории одзеле туѓи подвижни предмети со намера противправно да ги присвојат. Откако претходно осомничениот направил лажни клучеви за отворање врати, заедно со соизвршителот насилно делувале на бравата од влезната врата на стан на улицата „Даме Груев”. Штом отклучиле, влегле во станот, извршиле претурање и пребарување и одзеле 250 евра во разни апоени, како едно сребрено ташниче – несесер со накит, па го напуштиле местото на настанот, соопшти Основното јавно обвинителство Скопје.
Јавниот ообвнител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, ценејќи дека постои опасност од бегство.
Ново на Сител
-

Шји: Кина и САД треба да се партнери, а не соперници
-

Арагчи: Иран не поставува пречки во Ормуската Теснина
-

Нетанјаху на суд негираше дека има здравствени проблеми
-

200 метри кубни отпад собран во „Генералка викенд“ во Скопје
-

СВР Куманово поднесе кривични пријави против убиецот од Драгоманце за убиство и обид за убиство на две жени и против двајца мртвопроверители од болницата во Куманово
-

Петгодишно дете паднало од балкон во Гостивар
-

Митревски пред дуелот со Словачка: Нè очекува тежок натпревар против незгоден противник
-

Девет сомнителни случаи на каридиохирушки интервенции, наодите ќе се испратат до Владата и до ЈО
