Со полициски патроли ќе се регулира јавниот ред и мир во Карпош
Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски, претставници од полициската станица Карпош и претседателите на урбаните заедници денеска дискутираа за нарушувањето на јавниот ред и мир на граѓаните во летниот период.
На состанокот беше презентирана Програмата на полициската станица Карпош за преземање на превентивни мерки против нарушување на јавниот ред и мир. Присутните ја потенцираа потребата од зачестена полициска патрола на територија на општината.
- Општина Карпош преку целата година, а посебно во летниот период, се соочува со сериозни проблеми, како оштетување на општинските и државните објекти, сето она што е обезбедено и потрошено со народните пари. Во исто време граѓаните се жалат дека во раните утрински часови се соочуваат со викотници и несоодветно однесување, информира Јакимовски.
Имаме разбирање за потребите на младите, истакна тој, затоа сме се потрудиле да обезбедиме и одредени катчиња за нив.
По тој повод, командирот на полициската станица Карпош Роберт Петрушевски го презентираше планот во кој се поместени зачестени полициските патроли низ општината, во доцните часови.
- Општината ја поделивме на три сектори. Секој сектор ќе има по една патрола, или по двајца полициски службеници, но би сакале да присуствува и по еден претставник од урбаните заедници, рече Петрушевски. Информира дека се предвидени позачестени патроли и покривање на места, укажани од страна на граѓаните и од страна на вработените лица во урбаните заедници во општина Карпош. Во истата патрола ќе бидат вклучени инспектори, како и службеници на МВР од Одделот за малолетничка деликвенција и вработени во СВР Карпош.
Ново на Сител
-
Муцунски: Сакаме во ЕУ но имаме и црвени линии
-
Фетаи: Кривични за неуставниот попис
-
Расте бројот на странски инвестиции
-
Топлотниот удар го зема ,„Данокот“
-
Недостигаат хотели на брегот на езерото
-
Преглед на вестите од светот
-
75 години Друштво на филмски работници - почнуваат денови на македонскиот филм
-
Финансиската полиција со кривични пријави од над една милијарда денари изминатата година