Со полициска придружба, хрватски бродови повторно рибарат во спорниот Пирански залив
Хрватските медиуми јавуваат дека три рибарски бродчиња, со полициска придружба, утринава испловиле да ловат во спорните територијални води на границата меѓу Хрватска и Словенија. Словенија вчера најави дека ќе почне да ја имплементира одлуката на арбитражниот суд според која спорните води во Пиранскиот залив, кој Хрватска го вика Савудриска вала, и припаѓаат на Словенија.
Хрватските бродчиња отпловиле да ги соберат мрежите кои во петокот ги оставиле во морето, и се вратиле во своите пристаништа со уловот.
- Брод на словенечката риболовна инспекција се појави на местото, но по нашето предупредување дека се наоѓаат во хрватски територијални води, Словенците се повлекоа, а хрватските рибари ги извлекоа своите мрежи и се вратија во Савудрија, изјави Лорис Козлевац, шеф на хрватската погранична полиција во регионот на Истра.
Во петокот имало неколку случки во кои словенечки бродови влегле во спорната област, и Козлевац за новинската агенција ХИНА изјави дека во сите овие случаи хрватските патролни бродови ги предупредиле словенечките бродови да се повлечат.
Хрватска одбива да ја прифати одлуката на арбитражниот суд, кој со години го разгледуваше ова прашање и на крајот реши во полза на Словенија. Словенија вчера упати дипломатска нота до Хрватска со која бара дијалог за имплементирање на арбитражната одлука, која властите во Љубљана ја сметаат за конечна.
Ново на Сител
-
Традицијата продолжува - Златните денови Кратово 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Фестивалот за народни песни и инструменти викендов во Прилеп и Долнени
-
Матураните со понизок успех од лани - Просечна оценка 3,25 на државната матура
-
Таравари и Клековски во посета на Клиниката за онкологија - Нови вработувања и отворање на нови амбуланти
-
Советот на јавни обвинители против предлогот на премиерот Мицкоски за распуштање
-
Приватните превозници попладне ќе носат одлука дали од утре воопшто ќе возат
-
Преглед на вестите од светот