Македонија
1. September 2021 - 20:02

Со подароци и порака која гласи “Секогаш биди број 1”, Кредисимо ги израдува првачињата

Со подароци и порака, која гласи “Секогаш биди број 1”, Кредисимо ги израдува првачињата. По повод петтиот роденден, компанијата подели над 550 подароци на првиот училишен ден во 18 основни училишта низ државата.

Ова е трета кампања на Кредисимо годинава, а како општествено одговорна компанија најавуваат и други слични активности.

Со поддршка од својот партнер Хелоу Пост, Кредисимо ги достави подароците до првачињата во неколку скопски населби, но и во училиштата во Валандово, Јосифово, Берово, Маврово и Ростуше.