-->
-->
Со победа над Лихтенштајн да се заокружат Мундијалските квалификации
-->

По одличната игра прикажана на гостувањето кај Италија, фудбалската репрезентација на Македонија, вечерва против Лихтенштајн ќе атакува на победа во последниот меч од квалификациите за СП 2018 во Русија,
Ико, без разлика на резултатот, квалификациите ќе ги завршиме на претпоследното 5.место на табелата во Г групата, сепак избраниците на Игор Ангеловски, посакуваат со победа да го заокружат овој квалификациски циклус, во кои покрај одличните партии, сепак беа пропуштени неколку шанси за подобар пласма во конечниот редослед.
Денешниот противник, Лихтенштајн, беше поразен на сите девет натпревари, па оттаму црвено-жолтите ќе ја имаат фаворитската улога, во мечот кој ќе се игра на стадионот „Младост“ во Струмица со почеток од 20 часо и 45 минути.
Покрај овој натпревар, денеска се играат уште осум средби.
Комплетни двојки, за денешните натпревари, во последното 10.коло од Мундијалските квалификации
Д група:
Велс - Ирска
Србија - Грузија
Молдавија - Австрија
Табела: Србија 18 бодови, Велс 17, Ирска 16, Австрија 12, Грузија 5 и Молдавија 2
Г група:
Македонија - Лихтенштајн
Израел - Шпанија
Албанија – Италија
Табела: Шпанија 25, Италија 20, Албанија 13, Израел 12, Македонија 8, Лихтенштајн 0
И група:
Украина - Хрватска
Исланд – Косово
Финска - Турција
Табела: Исланд 19, Хрватска 17, Украина 17, Турција 14, Финска 8, Косово 1.
Сите натпревари ќе се играа во терминот од 20.45 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почувствуван земјотрес со епицентар на подрачјето Тетово-Гостивар
-

Седници на четири собраниски комисии
-

САД: Техничките разговори со Иран се уште се на добар пат
-

Денес топло време со температури до 39 Целзиусови степени
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
