Свет
10. May 2016 - 8:41

Со парада одбележан крајот на конгресот на Корејската работничка партија

Грандиозна парада денеска беше организирана во Пјонгјанг, со која се одбележа крај на конгресот на Корејската работничка партија.

На парадата учествуваше и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, кој на конгресот беше избртан за претседател на Корејската работничка партија. Претходно, тој беше прв секретар на партијата.

На парадата учествуваа илјадници луѓе облечени во националните костуми и со цвеќиња во рацете, а на специјална платформа имаше огромни статуи на дедото и на таткото на Ким Џонг-ун, Ким Ил-сунг и Ким Џонг-ил.

Четиридневниот конгрес на Корејската работничка партија заврши вчера и беше прв од 1980 година на кого учествуваа повеќе од 3.400 делегати кои ја изгласааа нуклеарната и економската политика на земјата.