Живот
19. October 2015 - 20:58

Со месеци се жалел на болка во градите, кога го отвориле лекарите се шокирале

Хорасио Родригез (42) се жалел на болки во градите, искашлувал крв и нагло губел тежина.

Докторите претпоставувале дека има запаление на белите дробови, па му дале лекови и го испратиле да побара второ мислење.

Претпоставувале дека во неговото срце постои нешто што не припаѓа таму, па решиле да го оперираат.

При операцијата која траела 7 часа, лекарите се шокирале кога ја нашле причината што му предизвикувал болки. Покрај срцето му пронашле цела чепкалка.

-Прво му ја испумпавме крвта од неговото срце и јасно ја видовме чепкалката. Никој од нас не можеше да верува, никогаш до сега немавме видено вакво нешто, вели лекарот Фернандо Чегеро.

ljekari-operacija-cackalica

Кога Хорасио слушнал што му пронашле во срцето, се насмеал и признал дека минатата година премногу јадел предјадења.

-Немав поим дека сум проголтал чепкалка, а тоа најверојатно се случило на некоја од прославите на кои бев, вели пациентот.