Со мерката за самовработување во Куманово отворени 106 микро-претпријатија
Вкупно 106 микро-претпријатија се основани во Куманово со мерката за самовработување на Владата, а преку проектот „Македонија вработува 2“, кој трае од 28 јуни, минатата година досега на подрачјето на општината се вработени 309 лица, соопштија денеска одговорните од Центарот за вработување Куманово.
Раководителот на центарот за вработување Милорад Тренчевски информира дека најатрактивна мерка од Оперативнмиот план меѓу невработените кумановци е самовработувањето.
- Оваа година имаме измена. Зголемен е лимитот од 3.000 на 4.000 евра неповратни средства - грант за секоја креативна идеја и бизнис план и може да учествуваат невработените лица кои се активни баратели на пазарот на трудот, изјави Тренчевки.
Тој појасни дека лани, со оваа мерка на подрачјето на Куманово од основаните 106 микро - претпријатија во трите огласи што поминаа, најголем дел се во областа на занаетчиство, услужните дејности и производство во текстилната и кожарската дејност.
Инаку, десетиот оперативен план за вработување опфаќа 30-тина мерки кои како што нагласија од Центарот, во досегашниот период дале свој придонес во намалување на бројот на невработени во Куманово. Во мерките се oпфатени повеќе категории - млади лица до 29 години, корисници на социјална парична помош, долгорочно невработени лица, лица со инвалидност и сите други кои се активни баратели на пазарот на трудот. Огласот за мерките е отворен до 10-ти март годинава.
Тренчевски упати апел до сите невработени лица кои се креативни да дојдат во Центарот за вработување каде ќе ги добијат сите упатства за учество во која било мерка.
Во наредниот период тој најави дека ќе бидат активирани и другите огласи што се дел од оперативниот план, како обука со субвенционирано вработување, обука кај познат работодавач, обуки за дефицитарни занимања, напредни ИТ вештини, за сообраќајната струка која е атрактивна, јазици, компјутери. Ги наведе и мерките за доделување грант за отворање приватни старски домови, детски градинки што ќе бидат субвенционирани од државата.
Бројот на невработени лица во општина Куманово е 18.951 лице од кои активни баратели се 9.830 лица.
Ново на Сител
-
Коцевски му одговори на премиерот
-
Отпочна со работа Флекс Брокер, третата компанија во Флекс Групацијата
-
Кредит за фирмите
-
Пренатрупаност во затворите
-
Преглед на вестите од светот
-
Осум уапсени за сквернавење на македонското знаме, ќе има уште многу, најавуваат од МВР
-
Мицкоски: Инцидентите се дел од планот за дестабилизација
-
Мицкоски најавува справување со корупцијата во правосудството од понеделник