Со лажни приказни изнудиле 1.077.320 денари од охриѓани, уапсени двајца Бугари
Две лица од Благоевград се јавувале кај повозрасни охриѓани и лажно се претставувале дека членови од нивните семејства биле тешко повредени во сообраќајни незгоди, барајќи пари за да ги ослободат од кривична одговорност, при што изнудиле над еден милион денари.
СВР Охрид денеска соопшти дека поднеле кривична пријава против К.И.(51) и Г.М.(56), двајцата од Благоевград, Република Бугарија, поради постоење основи на сомнение за сторени 21 казнено дело „измама“.
– Пријавените, во периодот од 17 август до 10 септември годинава, телефонски им се јавувале на повеќе повозрасни лица од Охрид на кои, лажно им се претставувале и ги известувале дека блиски членови на нивните семејства, биле тешко повредени во сообраќајни несреќи. Притоа, доведувајќи ги во заблуда, на оштетените им ветувале дека за одредена сума пари, можеле да им помогнат за нивно ослободување од кривична одговорност, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
На тој начин, додаде, пријавените предизвикале вознемиреност кај оштетените граѓани, а во три случаи, добиле пари со што, се стекнале со противправна имотна корист во вкупен износ од 1.077.320 денари.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Успехот на една стратегија не се мери по бројот на страници што ги содржи, туку по бројот на животи што ќе ги подобри
-

Светски ден на бегалците: УНХЦР апелира на поголема солидарност кај помладите генерации во однос на бегалците
-

Безос: Вештачката интелигенција ќе отвори нови можности наместо да ги укине работните места
-

Четворица израелски војници убиени во Либан, министерот Бен-Гвир порача „целиот Либан треба да гори“
-

Пронајдени неексплодирани гранати во две битолски села
-

Почина Љупчо Грнчиштанов, инспектор обвинет во случајот „Пулс“
-

Топло време за викендот, од понеделник услови за дожд
-

Алиу: Владата ја усвои информацијата за формирање центар за итна медицинска помош во Скопје со цел поефикасен итен медицински одговор
