-->
-->
Со „Лажговци во неволја“ почна Фестивалот на комедијата „Гола месечина“
-->

На отворена сцена поставена во спортскиот центар „Ново Лисиче“ пред околу 1.000 гледачи синоќа со претставата „Лажговци во неволја“ од Ентони Нилсон во режија на Здравко Митков во продукција на Сатиричен театар „Алеко Константинов“ од Софија, почна четвртиот Меѓународен фестивал на комедијата „Гола месечина“.
Во осумте фестивалски денови, поточно до 26-ти јуни, публиката ќе има можност да види вкупно седум претстави од театри од земјава, но и од гостите од Бугарија, Србија и БиХ.
Вечер, на репертоарот е претставата „Атена со пенис“ од Александар Русјаков во режија на Синиша Евтимов во продукција на Драмски театар Скопје.
Сите претстави почнуваат во 21:00 часот, а влезот за граѓаните е бесплатен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на ССК
-

Преговорите за Изборниот законик пред пропаст
-

Нов внатрешен судир ја тресе СДСМ
-

Анкета: Голем број граѓани поддржуваат да се ограничи пушењето цигари на јавни места
-

Европските либерали изгласаа итна резолуција против историските вета и малтретирањата на ЕУ-границите
-

Експерти: Насилството меѓу малолетниците станува брутално
-

Од утре се очекува зголемување на цените на бензинот и дизелот
-

СДСМ нема да го поддржи ребалансот на буџетот
