Со концертот на Зуица Лазова, се славеше празникот Илинден во општина Кисела Вода
Со прекрасна изведба на “Во 1903-тата”, Зуица Лазова го отвори синоќешниот концерт во Паркот на бранителите, кој се одржа по повод големиот празник Илинден. Со музичка придружба на бендот на маестро Милан Кацарски, таа ги пееше своите најголеми хитови, најубавите музички фолк рефрени, најубавите изворни македонски песни. Со песни и ора, бројната публика во Паркот на бранителите ja дополни и онака убавата атмосфера, заеднички прославувајќи го Илинден.
Зуица Лазова, преку својата прекрасна изведба и одличен настап, уште еднаш докажа зошто е многу чест музички избор на граѓаните и што значи да бидеш одлично прифатен од публиката. Целовечерниот концерт кој е во организација на општина Кисела Вода, преку Одделението за култура при Секторот за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт, како дел од културното лето “Три круши”, таа го заокружи со популарната “За многу години Македонци”, по која аплаузите не стивнуваа.
Програмата на манифестацијата “Три круши” продолжува со концертот на Миле Кузмановски, кој е закажан за во понеделник, 03.08.2015, во 20:30 часот.
Општина Кисела Вода на сите граѓани на Република Македонија им го честита 2 Август-Илинден, најсветлиот празник во македонската историја!
Ново на Сител
-
Муцунски: Бараме предвидлив и доследен пат до ЕУ
-
На Македонците во Италија се уште не им се прифаќаат возачките дозволи со новото уставно име
-
Невработеноста паѓа. Расте и бројот на лице кои работат на црно
-
Македонија ќе остане без матични лекари ако не се донесе итно системско решение
-
Идеите за градба не само во Охрид туку во целата држава според екологистите предизвикуваат свлечишта
-
Управата повторно ги отвора матичните канцеларии во селата
-
Преглед на вестите од светот
-
Движењето ЗНАМ ги објави кандидатите Максим Димитриевски за Куманово, Мирослав Лабудовиќ за Центар