Македонија
11. February 2017 - 9:12

Со изложби на кучиња почнува новата кинолошка сезона

Кинолошкиот сојуз на Република Македонија викендов ќе ја отвори новата кинолошка сезона, за 2017 година.

По овој повод Сојузот организира две меѓународни CACIB изложби за сите раси на кучиња на Скопски саем.

По завршувањето на изложбите и изборот на најубавите кучиња од сите пријавени, ќе се избират и најубави од најубавите, Супер Бест ин Шоу, за кои постои и дополнителен фонд награди, покрај вообичаените.