Со филмот „Манаки – приказна во слики“ завршува ИФФК „Браќа Манаки“
Со доделување на фестивалските награди, врачување на Златна „Камера 300“ за животен опус на кинематограферот Јоргос Арванитис и со проекција на филмот „Манаки – приказна во слики“, вечерва во Битола завршува јубилејното 40. издание на ИФФК „Браќа Манаки“.
Филмот „Манаки – приказна во слики“ чиј режисер и кинематографер е Роберт Јанкуловски, ја прикажува фотографската работа на Јанаки и Милтон Манаки и нивното големо творештво. Приказната е раскажана преку оригинални документарни фотографии следејќи ја работата на браќата Манаки и тоа е доминантен дел во сценариото за филмот чии потписници се Илинденка Петрушевска и Роберт Јанкуловски.
Филмот е специјална проекција во чест на наградените кинематографери кои вечерва на сцената во Битола ќе добијат златна, сребрена и бронзена „Камера 300“, награди за кои одлучува меѓународно стручно жири во кое членуваа Ед Лакман од САД, Калојан Божилов од Бугарија, Доминик Велински од Франција, Ненад Дукиќ од Србија и Фејми Даут од Северна Македонија.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста