Со автобус во првиот квартал превезени 9.348.000 патници

Во првиот квартал годинава вкупниот број превезени патници во патничкиот патен превоз изнесува 9.348.000 и е намален за 5 проценти во однос на првиот квартал од 2025 година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на превезени патници во градскиот превоз е намален за 4,7 проценти, во приградскиот превоз за 8,8 проценти, а зголемување има во меѓуградскиот превоз за 9,2 проценти и во меѓународниот превоз за 1,3 процент.
Вкупниот број на патничките километри во првото тримесечје е 248.568.000 и е зголемен за 0,3 проценти во однос на истиот период од претходната година. Во градскиот превоз е намален за 1,8 процент, во приградскиот за 8 проценти, во меѓународниот за 0,4 проценти, а во меѓуградскиот превоз е зголемен за 7,7 проценти.
МИА
Ново на Сител
-

Фетаи поднесе оставка
-

Фетаи поднесе оставка
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Кошта ја стартуваше балканската турнеја – утре доаѓа во Скопје
-

Филипче: Власта намерно ја кочи реформската агенда
-

Дизелот поевтинува за 6,5 денари, бензините поскапуваат за половина денар
-

Пропустите кај млечните производи може да ја намалат продажбата
-

ЦЈЗ Скопје утре ќе каже поради што 20-тина деца од ООУ „Невена Георгиева - Дуња“ завршија во болница
