Со 1,54 промили алкохол во крвта возел низ Кавадарци, приведен 41-годишник

Со 1,54 промили алкохол во крвта возел низ Кавадарци, полицијата рано утрово лишила од слобода кавадарчанец, информираа претпладнево од Секторот за внатрешни работи Велес.
- Утринава во 04:15 часот на улица „Тиквешко востание“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Д.Ѓ.(41) од од овој град. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „цитроен“ со кавадаречки регистарски ознаки, под дејство на алкохол, измерени му се 1,54 промили алкохол во крвта, соопштија од СВР Велес.
Како што додадоа оттаму, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе била поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
МИА
Ново на Сител
-

Нови удари и елиминации во Иран
-

Изборот на Ненад Савески за нов државен јавен обвинител пред пратениците
-

СДСМ: Кандидатот за претседател на РКЕ, Ацо Ристов, е дел од бизнис мрежата на Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Синдикалниот протест на СДС и ССМ е неуспешен, граѓаните не им веруваат
-

Пациентите од „Пулс“, чекор по чекор до целосно закрепнување
-

Формирано Собрание на млади во Прилеп, наскоро ќе се формира и Совет на млади
-

Преглед на вестите од светот
-

Последната група од ОАЕ пристигна на скопскиот аеродром
