Снуп Дог заштитно лице на новиот инкубатор за одгледување канабис
Израелската стартап-компанија „Сидо“, која пред извесно време пушти во продажба уред за одгледување марихуана во домашни услови, соопшти дека познатиот американски рапер Снуп Дог ќе биде амбасадор на нејзиниот бренд.
Снуп, кој и самиот се залага за користење марихуана, ќе промовира мала машина слична на фрижидер која овозможува таа билка да се одгледува каде било. Уредот ги регулира температурата, светлината, јаглеродниот диоксид и минералите, а со помош на апликација се постигнува надзор над растението. Инкубаторот е опремен со сензори и камера и се контролира со алгоритам.
Компанијата „Сидо“ наведува дека таа своевидна „домашна лабораторија“ ќе се продава во Северна Америка и во Европа. Цената е 2.400 долари.
Директорот на компанијата, Зохар Леви, изјави дека на компанијата ѝ е чест поради соработката со Снуп Дог, кој со својата популарност и на интернет ќе придонесе за нејзин растеж.
Израел се смета за лидер во истражувањето канабис за медицинска употреба.
Ново на Сител
-
САД го прошируваат списокот на производи од челик и алуминиум со високи царини, автоиндустријата реагира
-
Салах е прогласен за играч на сезоната во Премиер лигата по рекорден трет пат
-
Приведени три лица од Штип, при претрес на нивниот дом пронајдени се пушки и муниција | ФОТО
-
Летови Скопје-Франкфурт со „Луфтханза“ и во зимската сезона
-
Во регистарот на ДКСК евидентирани 1916 возила согласно роковникот на за локалните избори
-
„Дружба“ повторно активен: Унгарија ја обнови испораката на нафта
-
Арсенал суспендираше 17 свои навивачи
-
На ГП „Табановце” и на „Богородица“ се чека до 30 минути