Живот
20. February 2019 - 22:14

Снимки од Зоолошка градина го шокираа светот: За 17 евра посетителите се борат со дивите ѕверки, а газдата има бизарно објаснување за тоа

Познатата Зоолошка градина во британскиот Плимут, „Дартмур“, е на удар на критиката поради новите содржини кои им се понудени на посетителите.

ЗОО градината наплатува по 15 фунти за борба со лавот или со тигар. По прецизно, станува збор за натпреварување налик на влечење јаже само што во овој случај од една страна се луѓето, а од другата дивите животни, како лавови и тигри.

Играта почнува во моментот кога ѕверот ќе го загризе пленот и настојува да го оттргне од ланецот. Секако, луѓето во тие момент се наоѓаат зад заштитната ограда и го повлекуваат јажето на своја страна.

Поедници овие нови активности ги нарекоа сурови, па е покрената петиција, а сопственикот Бенџамин Ми, по кој во 2011 година е снимен филмот „Купивме Зоолошка градина“ со Мет Дејмон во главната улога, се правда дека контроверзната „игра“ е добра за големите мачки зошто одлично ги имитира дејствата во дивината.