Снимени диви мачки во заштитеното подрачје Вевчански извори | ВИДЕО
Во заштитеното подрачје Вевчански извори со фото замка, камерите на еколошкото здружение „Еко свест“ регистрирале дива мачка.
Дивата мачка е преосетлив и плашлив дивеч, строго заштитен вид. Согласно Законот за ловство на национално ниво забранет е нејзиниот лов. Исклучив месојад, кој вообичаено оди ноќе и взори по својот плен, а начинот на исхрана го приспособува според условите на своето живеалиште. По изглед слична е со питомата мачка.
- Има одлично развиен слух, вид и допир, а послаб мирис. Таа е силно и снаодливо животно, се движи внимателно и речиси нечујно, а може да скокне во должина и до 15 пати повеќе од своето тело. Од питомите мачки секогаш се разликуваат по црните усни и табани и големата влакнавост во внатрешноста на ушите. Главата на дивата мачка е поширока од главата на домашната, информира „Еко свест“.
Здружението посочи информира дека фото замките биле поставени во 2018 година во рамките на проектот „Воспоставување на систем за мониторинг и управување со Вевчански извори Споменик на природата”, поддржан од УНДП. Во тек е реализација на проектот „Поддршка на одржливо управување на Заштитеното подрачје Вевчански извори“, што од минатата година го реализаира во ова заштитено подрачје со цел поддршка за одржливо управување. Во рамките на проектот во мултикултурниот центар „Коста Србакоски“ предвидено е да биде поставена трајна поставка за природа, преку која посетителите ќе можат да се запознаат со природното наследство на Споменикот на природа Вевчански извори и планината Јабланица.
Ново на Сител
-
Засега нема нарушувања во однос на училишната кошничка, Инспекторатот е на терен
-
Приведен 40-годишник, управувал возило со 108 километри на час на место каде е дозволено 50
-
Приведен 45-годишник од Дебар, управувал возило под дејство на алкохол и бил пронајден пиштол
-
Кривична против вработен во ЈП „Национални шуми“, го оштетил претпријатието за повеќе од 500.000 денари
-
БиХ: МНР бара од Додик да го врати дипломатскиот пасош
-
Спречен обид за криумчарење 4.577 парчиња небезбедни лекови на ГП „Богородица“
-
Полска: Експлозија на неидентификуван објект во близина на границата со Украина
-
Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“