Loading Video...
Свет
26. December 2022 - 12:21

Снежната бура во САД однесе најмалку 38 жртви

Силната снежна бура Елиот што ги зафати САД не престанува четврти ден по ред а досега се настрадани најмалку 38 лица. Најтешко е погоден градот Бафало во државата Њујорк каде што животот го загубиле 12 лица. Четири лица загинаа во Канада кога автобус се преврте при движење на замрзнат коловоз кај градот Мерит.

Синоптичарите очекуваат студот да попушти во следните неколку дена но да има пообилни врнежи од снег поради тоа останува советот да се избегнуваат патувања доколку не е неопходно. Помалку од 200 илјади домаќинства останаа без електрична енергија во неделата што е многу подобро од ситуацијата во саботата кога без струја беа 1,7 милиони домаќинства. Илјадници летови на дневна основа се уште се откажуваат во САД. Во западната американска држава Монтана температурата се спушти и до 45 степени целзиусови под нулата. Во Канада невремето најмногу ги погоди провинциите Онтарио и Квебек.