„Снежана и седумте џуџиња“ премиерно во Драмски театар

Претставата „Снежана и седумте џуџиња“ во режија на Димче Николовски денеска премиерно ќе биде изведена во Драмскиот театар. На Светскиот ден на театарот-27 Март ќе има две премиери на претставата, од 11:30 и од 13:30 часот.
Автор на драматизацијата е Александра Бошковска, музиката е на Димитар Андоновски, а костимограф е Лира Грабул. Сценографијата е на Сергеј Светозарев.
Актерската екипа ја сочинуваат Александра Павлова-Снежана, Трајанка Илиева-Велиќ/Калина Наумовска-Кралицата, Златко Митрески-Вештерката, Александар Степанулески-Ловџијата, Капетан и Огледало, Димитрија Доксевски-Принцот, Мартин Минговски и Дритон Вејсели-војници. Џуџињата ги играат Соња Стамболџиоска, Сања Арсовска, Благица Димитровска, Емилија Мицевска, Бобан Алексоски, Дарко Карбески и Марко Илиќ.
Режисерот Николовски изјави дека е многу задоволен од сите соработници и од актерите во овој проект. Тој изрази задоволство што во претставата има многу едукативни цели кои, како што рече, успешно се исполнети и на многу интересен начин се разгледуваат сите оние критериуми по кои се поставуваат вредностите за децата уште од мали години.
Според авторот на драматизацијата Александра Бошковска, важно е да ги научат децата да следат текст и дејство на сцена.
- Она што беше моја најголема и најсилна намера е децата да научат од мали да го следат вербалниот дел од претставата. Да следат реплика и дејство на сцена, рече Бошковска.
Александра Павлова истакна дека Снежана е олицетворение на доброто, за разлика од кралицата, која е водена од принципот на злото.
- Со нашата претстава се обидуваме да докажеме дека доброто и вистинската љубов на крајот секогаш победуваат, рече Павлова.
Приказната за Снежана, нејзината лоша маќеа и седумте џуџиња е првата покомплексна приказна со која се среќаваме како деца. Преку неа влегуваме во чудесниот свет на фантастичното, исполнет со волшебни суштества, бајковити предели и магии, но од друга страна првпат се соочуваме со животните појави како што се љубовта, смртта, зависта, љубомората, доброто и злото.
Ново на Сител
-

Садула Изаири од тетовскиот суд освои најмногу гласови за член на Судски совет
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-

Финансиска полиција со кривична против претседателот на Регулаторна, Бислимовски тврди дека постапките биле законски
-

ИЈЗ: Се намалува бројот на болни од грип, но ширењето на вирусот се уште е со среден интензитет
-

Камионџиите ја прекинуваат блокадата на границите, иако ЕУ не понуди брзо решение
-

Кривична за Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-

Европската унија допрва ќе го решава проблемот на камионџиите
-

СДСМ со закон ќе бара 600 евра минимална плата
