Балкан
10. December 2015 - 16:01

Снежана е првата пациентка која ја прими вакцината против рак на белите дробови

Во Србија денеска почна со примената на кубанската вакцина против ракот на  белите дробови, а први ја добија Даниела Стојменовиќ и Снежана Гојиќ. Тие ги примија вакцините во левото и десното рамо и левиот и десниот колк, а откако ја прмија инекцијата беа надгледувани од научникот на овој терапевски лек и кубански имунолог Педро Камило Родригез. 

Министерот за здравство на Србија Златибор Лончар денеска беше да ги посети пациентките и истакна дека интересирањето за овој кубански лек е големо. 

- Дојде и тој ден. Ова за луѓето е сериозна надеж. Останува да ја пратиме нивната состојба со цел да ги видиме ефектите од вакцината. Интересирањето за оваа вакцина е големо. Бидејќи на Балканот никој го нема овој лек, за овој лек постои интересирање и во регионот, така да бараме решение за сите оние кои не се наши осигуреници, а ја сакаат оваа вакцина. За сега тие, веројатно, само ќе можат кај нас да проверат дали се кандидати за неа, а продолжуваме со разговорите како можат да дојдат до вакцината, вели Лончар.