Снегот во Крушево донесе дополнителни посетители
Поради снегот, Крушево во изминатиов викенд беше исполнето со туристи и посетители од сите возрасти. Посетителите поминаа убави денови, а некои ќе го продолжат престојот на падините на скијачките терени, во угостителските објекти и во прошетките во околината.
Локалните власти на Крушево се убедени дека ги подобруваат условите за престојот на гостите и им нудат повеќе содржини за рекреација. Сметаат дека во новогодишните, божикните празници и со деновите на училишниот распуст, го привлекуваат вниманието на посетителите. Според крушевскиот градоначалник Томе Христоски, очекувањата се за успешна не само зимска, туку и рекреативна сезона во текот на целата година.
– Особено охрабрува што лани имавме зголемен број на посетители и туристи за повеќе од 13 проценти во споредба со претходната година. Тоа е охрабрување да очекуваме успешна туристичка 2020 година, вели Христоски
Ново на Сител
-
Инженери на Македонија со иницијатива до Уставен - дали паушалните сметки за струја се законски?
-
Над 50 работници од штипска конфекција останаа на улица
-
Во штипската касарна „Јане Сандански“ одбележан Денот на македонската армија
-
Преглед на вестите од светот
-
Зеленски и европските лидери кај Трамп
-
АРМ слави 33 години постоење
-
ДИК: Само со два потписи независните ќе учествуваат изборите
-
Преглед на вестите од светот