Снегот во гостиварско го отежнува сообраќајот
Снежните врнежи во гостиварско го отежнаа сообраќајот и на два патни правци воведена е забрана за тешки товарни возила (делницата Гостивар – премин Стража и Гостивар – Маврови Анови), а на возачите им се препорачува да не тргнуваат на пат без зимска опрема.
Од СВР Тетово, информираат дека забраната е воведена од 13:00 часот и се препорачува да ја приспособат брзината на движење според условите на патот особено ако се движат кон планинските подрачја.
– Посебно внимание возачите треба да обрнат доколку се движат по регионалниот пат кон Дебар, по долината на Радика, каде коловозот е влажен и лизгав. Временските услови по овој патен правец може да предизвикаат и одрони од камења, вели портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
На Маврово, снегот кој врне од изутринава, создаде покривка од десетина сантиметри и создава тешкотии во одвивањето на сообраќајот Мавровското езеро. Според информациите од терен, екипи на Македонија пат се на терен и обезбедуваат проодност во регионот.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова: Родовата еднаквост не е само статистика, ниту море од бројки, туку реална слика на општествената стварност
-
ДЗР: Регионален развој без резултати - јавните инвестиции заглавени во локални приоритети
-
Почнува четвртфиналната фаза на „Ролан Гарос“
-
Влада: Историски најдобар оперативен план, практикантство за 1.352 млади до 29 години и младински додаток од 3.000 денари месечно за лица до 23 години
-
Приведен 64-годишен маж од Пробиштип, возел под дејство на алкохол и удрил во дрво
-
Марта Кос на дебата со членовите на АФЕТ, меѓу темите и проширувањето на ЕУ
-
Орбан: Војната во Украина ќе биде подолга и побрутална отколку што очекувавме
-
МЗТ Скопје Аеродром ја одбрани титулата