Снегот во Центар постојано се чисти, до 8 часот фрлени 14 тони сол

Екипите на општина Центар од раните утрински часови излегоа на терен и го чистат снегот по улиците и тротоарите, кои се во надлежност на општината. На улиците оперираат четири специјални возила-камиони, соларки со нож и соларка за чистење снег. На приоритетните места се вклучува и специјална машина за рачно чистење на голомразни површини.
Како што информира Општината, од 3 часот до 8 часот утрово се фрлени 14 тони сол. Нема застој на сообраќајот по улиците и граѓаните можат нормално да се движат.
Набавени се 250 тони сол и е ангажирана фирма за одржување на коловозите и тротоарите.
Општина Центар апелира сите сопственици и корисници на јавни објекти, веднаш да почнат со чистење на снегот на отворените простори пред јавните објекти за да се обезбеди непречен пристап.
Ново на Сител
-

Истражување: Деца од 12 до 17 години жртви на сексуална експлоатација преку интернет
-

А1 Mакедонија одбележува седум години со роденденска понуда за своите корисници
-

Преглед на вестите од светот
-

Стартува изградбата на автопатот Скопје-Блаце
-

Ниту едно подрачно нема да биде затворено и ниту еден наставник во Прилеп нема да остане без работа
-

Со нов проект ќе продолжи доизградбата на затворениот базен во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Пехчево против дата центри
