Македонија
9. February 2017 - 20:05

Снегот се стопи – останаа штетите на асфалтот

Снегот се стопи но проблемите за возачите не завршија. Дупки како кратери се отворија по споредните улици во општините во градското подрачје. Слична е состојбата и на главните булевари.

Оваа дупка е длабока повеќе од 5сантиметри но не е единствена во градот. На улиците и булеварите солта предизвика проблеми. Не одат на штета само на автомобилите на возачите туку и на пешаците .

Во ризик е и безбедноста на учесниците во сообраќајот. Не се маркирани, па  возачите сакајќи да ги избегнат во последен момент се престројуваат. Доколку немаат шанса да ја заобиколат, удираат со гумите директно во нив. Автомобилите брзо се оштетуваат, но пострашно е тоа што може да предизвикаат и сообраќајна несреќа. Кога дупките ќе се наполнат со вода од врнежите и пешаците трпат последици. Често на социјалните мрежи се објавуаат фотографии од пешаци кои биле испрскани од не совесните возачи кои додека возат не мислат на оние кои се движат по тротоарите.

Од градот Скопје велат екипите на улици и патишта периодов работат на детектирање и санација со нанесување ладна асфалтна маса.

Изминативе неколку денови санирани се уличните дупки на делови од бул. Партизански одреди, Илинден, Александар Македонски, Борис Трајковски, Словенија, ВМРО и Христијан Тодоровски Карпош, како и на улиците Втора Македонска Бригада, Индира Ганди, Качанички пат, Ферид Бајрам, Никола Парапунов, Борис Сарафов, Ѓорче Петров, Козле, Самоилова, Перо Наков, Благоја Стефковски.

Откако ќе се подобрат временските услови, најавија дека ќе извршат  целосна санација на дупките на булеварите кои се под нивна надлежност.

За разлика од Град СКопје, општините се помалку посветени на санација. Советниците од ВМРО ДПМНЕ во Центар реагираат за раскопаните улици полни со кал во Капиштец. Го обвинуваат Жерновски дека општинските пари ги троши на скапи боемски улици кои за мала површина се потрошени 700 илјади евра, пари за концерти и настани кои не се ни одржале, улиците ги оставил на милост и немилост. 

Советниците велат на граѓаните им е потребна одговорна општинска администрација и градоначалник кој ќе работи за нивно добро и за решавање на нивните проблеми.