Македонија
25. January 2019 - 8:40

Снегот го отежна патниот сообраќај, забрани за камиони на дел од патиштата

Снежните врнежи го отежнаа патниот сообраќајот, кој се одвива по  претежно влажни коловози, во западните делови од државата со остатоци од кашест снег, а на дел од патиштата со забрани за камиони и намалена видливост. На Меѓународниот аеродорм Скопје се реализираат предвидените полетувања и слетувања.

Снег врне во Тетово, Гостивар, Кичево, на Попово Шапка,  Маврово,  Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Железнец.  Поради појава на магла видливоста е намалена од 50 метри до 100 метри во Страцин и на планинскиот премин Буково, информира Автомотосојузот на Македонија.

Од 07:35 часот изутрината се воведува забрана на движење за тешки товарни возила и автобуси на патниот правец Тетово – Попова Шапка.

Во сила се забрнате за камиони воведени ноќеска поради обилни врнежи од снег на патот Дебар – Маврови Анови и обратно и преку планинскиот превој Стража.