Снегот ги обеле планинските врвови во дебарско, а дождот предизвикува помали одрони на патиштата
Поради помали одрони од камен и земја, влажните коловози и појавата на можна голомразица, посебно на осојничавите места во утрнските часови, на патните правци во поширокиот дебарски регион се препорачува внимателно возење.
-По дождот што врнеше во изминатите два дена а и попладнево, има појава на помали одрони од камен и земја, што е вообичаена појава. Нашите екипи се постојано на терен во нивно расчистување и сообраќајот се одвива без поголеми проблеми. Препорачуваме многу внимателно возење и строго почитување на патната сигнализација, порачува Деар Лиманоски, раководител на секцијата.
Посебна внимателност се препорачува кај селата Рајчица, Косоврасти и Јанче, месноста Ростушки Мост, потоа во близина на Бигорски манастир и месноста „Сенечки ливади”, на патниот правец Дебар – Маврово, како и кај месноста „Три чешми” на патот кон Струга, и месноста „Кокошкина краста” на патот Мелнички Мост-Центар Жупа,каде најчесто има одрони.
По долгата суша, дождот е добредојден за земјоделските посеви а се очекува да го зголеми и дотекот на вода во Дебарско езеро од реките Радика и Црн Дрим, како и двете реки кои од Жупа се влеваат во езерото,чија кота поради сушата е речиси на минимум.
Денеска снегот ги обеле планинските врвови на Кораб, Крчин, Стогово и Бистра.
Ново на Сител
-
Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари кој две жени кои се обиделе да го шверцуваат на Богородица
-
Во Прилеп почнуваат чествувањата за Карпалак
-
ДЗР: Нефункционални објекти, дотраена опрема и изгубена можност за остварување дополнителни приходи на спортската сала „Борис Трајковски“
-
Кремљ: Путин прифати средба со Трамп
-
Казнети 46 возачи на електрични тротинети
-
Уапсени двајца возачи, возеле со по 1,93 и 1,59 промили алкохол во крвта и предизвикале сообраќајни незгоди
-
Лишени од слобода две лица во скопско Рашче, пукале на свадба
-
Билки штетни за во спалната соба