Снег во Крушево, Маврово и Лазарополе
Во изминатите 24 часа врнежи од дожд и снег се забележани во Прилеп, Дебар, Тополчани, Крушево, Претор, Пожаране, Битола, Охрид, Маврово и Лазарополе. Снежна покривка е формирана во Крушево од осум сантиметри, Маврово 9 и Лазарополе 11 сантиметри.
Времето денеска ќе биде променливо облачно, студено и ветровито со силен северен ветер кој повремено на планините ќе биде со брзина околу 100 км/час. Локално ќе провејува слаб снег. Температурата ќе достигне од -2 до 6 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и ветровито, повремено со силен северен ветери со услови за провејување на слаб снег. Температура ќе достигне до околу 3 степени.
Утрово температурата се движеше од -9 во Лазарополе, -7 Маврово, -6 Претор, -5 Крушево и Прилеп, -4 Битола и Охрид, -3 Дебар, -2 Тополчани, Крива Паланка, Ѓуриште, Берово и Пожаране, -1 Скопје Петровец, Тетово и Демир Капија, 0 Куманово, Штип, Виница и Струмица, 2 Скопје Зајчев Рид, 4 Дојран, до 6 степени во Гевгелија.
И утре времето ќе биде променливо облачно, студено и ветровито со провејување слаб снег и ќе дува силен северен ветер. Дневната температура на повеќе места ќе се задржи негативна. Од петок следува постепено разведрување и значително спуштање на утринските температури. За време на викендот времето ќе биде сончево, а за Новогодишната ноќ ведро и многу студено со температури под -10 степени.
Ново на Сител
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка
-
Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи
-
Зеленски до Парламентот поднесе предлог-закон за продолжување на мобилизацијата