Снег во Крушево, магла на Стража
Врнежи од слаб снег се бележат во Крушево, а во Охрид врне слаб дожд. Намалена видливост поради магла до 120 метри има на планинскиот превој Стража, информира диспечерско-информативниот центар на ЈП „Македонија пат“ во пладневниот извештај за состојбата на патиштата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по претежно влажни коловози во западниот дел од државата, каде на некои повисоки места има мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“. Во останатите делови од државата коловозите се наместа влажни.
Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово–Дебар-Струга, Демир Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.
Ново на Сител
-
Две лица се здобиле со тешки телесни повреди при извршување работни задачи
-
Двојно убиство попладнево во скопско Стајковци
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите
-
Гвардиола: Да беше до парите, Јунајтед требаше да ги освои сите титули
-
Разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски