Снег во дебарскиот крај, се препорачува внимателно возење поради одрони
По обилните дождови кои го зафатија дебарскиот регион во текот на ноќта и претпладнево, попладнево врне снег. Засега поради малата дебелина на снежната покривка не се забележани проблеми во нормалното одвивање на патниот сообраќај.
Надлежните сепак препорачуваат внимателно возење поради влажни коловози и појава на одрони, особено на делницата Дебар-Жировница и патот Мелнички Мост-Центар Жупа.
-Сообраќајот се одвива непречено, но по влажни коловози, а има и појава на помали, но чести одрони од камен и земја. Нашите екипи се постојано на терен, во расчистување, а имаме доволно абразивен материјал, сол и песок и нема никаков проблем. Сепак, препорачуваме внимателно возење и строго почитување на сообраќајната сигнализација, како поради влажниот коловоз, така и поради можноста од појава на одрони, апелираат од дебарската секција на „Македонија пат“.
Под надлежност на дебарската секција се делницата Дебар-Жировница, на патот кон Маврово, Дебар-Глобочица, кон Струга, патот Мелнички Мост-Центар Жупа, кракот од Бошков мост кон селата од Мала Река, како и патот кон граничниот премин „Блато“ или во должина од околу 120 километри.
Дождот, а сега и снегот, кого го има во поголема количина на планиските места, е добредојден за зголемување на дотокот на вода во реките, а со самото тоа и во акумулацијата „Дебарско Езеро“.
Ново на Сител
-
Македонија и ЕУ со безбедносно партнерство
-
Тема на денот со Трајан Ангелоски, претседател на ССК
-
Клуч на врата за неколку институти во земјата
-
Шекеринска избрана за Заменик генерална секретарка на НАТО
-
Украина го искористи оружјето на САД
-
Тензична расправа во Собранието за Предлог буџетот за 2025 година
-
Падна одлука: Од следниот месец повисоки плати за сите вработени во здравството
-
Бизнисот бара брзи пруги и патишта, Владата вети – ќе градиме!