Смртен случај на Пулмологија кој имал и грип – февруари со најмногу заболени во изминатите 15 години
Пациентка од Скопје на 82 годишна возраст починала на Пулмологија со лабораториски потврден грип. Имала повеќе хронични заболувања и вурусот дополнително ја влошил здравствената состојба. Не била вакцинирана како што беше случај и со претходно починатиот на истата клиника.
Според евиденцијата на Институтот за јавно здравје, има намалување на бројот на заболени на 2569 што е за 15 проценти помалку од претходно анализираната година. Меѓутоа, во февруари имало најмногу пријави за грип во изминатите 15 години.
-Во текот на оваа недела, во 2 извештајни единици се регистрира многу ниска, во 6 – сезонска, во 12 – средна, во 5 – висока, а во 3 (Дебар, Кратово и Свети Николе) – многу висока активност на вирусот на грип, вели Марија Андоновска, директор на ИЈЗ.
Од последните регистрирани случаи, една третина се деца до 14 годишна возраст а грипот според лекарите оваа сезона дава потешка клиничка слика и повеќе хоспитализирани во болниците.
-Да се почитуваат препораките, Покријте го носот и устата со шамивче при кашлање и кивање. По употреба, фрлете ги во корпа за отпадоци. Носете заштитна маска кога контактирате со своите блиски во домот, кога кашлате и кивате. Ø Практикувајте често и темелно миење на раце со топла вода и сапун, вели Андоновска.
Во сегашната сезона на грип има речиси 20 000 регистрирани случаи а имало и лица кои во исто време биле заболени и со тип А и со тип Б.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар