Македонија
15. August 2016 - 21:24

Сметот од тетовските контејнери повторно се складира на претоварната станица

Повторно се зголемуваат количини складиран смет на претоварната станица на тетовското комунално претријатие, со оглед дека една недела префрлањето на депонијата во Дрисла е отежнато поради носење отпад од поплавените подрачја. Веќе неколку месеци комуналното претријатие поради блокади на месносто население не може да истовара смет и на депонијата Русино.

Граѓаните предупредупредуваат дека евднаш се чувствува тоа што повеќе смет се складирал на станицата која е блиску до населените станбени блокови.

Поради престојот на печалбарите и иселениците во родниот крај, во овој период зголемени се количините на смет. На ден се собираат од 140 до 150 тони смет

Регионална депонија која ќе рециклира смет е долгорочното решение за справување со отпадот на кое жителите на Тетово чекаат со години.