Бизнис
23. February 2021 - 17:48

Сметководителите со ново барање за одложување на роковите

Ова ќе биде година на најнеточни годишни сметки, а државата ќе добие грешна слика за економија   ако Владата не го пролонгира рокот за нивно доставување, предупредуваат сметководителите. Бараат тој да биде поместен барем за еден месец. Многу од нивните колеги  поради ковидот не можат да си ја вршат работата. Велат дека ова не е првпат да побараат да им се даде повеќе време, но надлежните институции постојано ги игнорираат. Тврдат дека постои член во законот  за трговски друштва кој овозможува исполнување на нивното барање.

-Ние сметаме дека дирекно е врзано со петтиот сет на мерки мора да се вратата сите пари што се земаа за плати во претходните пакети, затоа и се брза за да може деловните субјекти што земале помош за плати да бидат рефундирани и да се оди понатаму  со новиот пакет. Стравуваме поради игнорантскиот однос на министертвото за финансии, вели Драган Митковски, претседател на комората на сметководители.

Од министертвото  за економија велат дека во консултација со Централен регистар и министерството за финансии е донесена заедничка одлука да се почитуваат роковите согласно законот за трговски друштва.

Рокот за доставување на завршните сметки е до 28 февруари, а во електронска форма до 15 март.  Датумите за овие извештај се долгогодишен проблем на сметководителите, но годинава нивната  работата  дополнително е отежната поради пандемијата.