Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи
Новите технологии наскоро ќе ги заменат специјалистите кои вршат „монотона работа“ со документи, на пример – сметководителите, смета директорот за дигитални производи на групацијата „Веон“, Џорџ Хелд.
Од практична гледна точка, постојат професии – како келнер во ресторан за кои не е потребно посебно знаење… Тука е и тн. „среден ешалон“ – на пр., сметководителите, кои работат „прилично монотона работа“, а потоа има и креативни луѓе…
– Да ги научиш и заменуваш луѓето од „најниските професии“ со робот е речиси невозможно. Поставување маса, уредувањето на приборот за јадење и чашите – од гледна точка на вештачката интелигенција – е многу тешко да се направи. Луѓето со креативни професии кои ја создаваат иднината исто така нема да бидат заменети со роботи. Но, сметководителите, на пр., многу брзо ќе бидат потиснати од роботи и ќе треба да се преквалификуваат во некоја од пониските или покреативните професии, вели Хелд.
Тој истакна и дека покрај развојот на технологијата, човештвото воопшто, нема да ја загуби својата работа.
– Никогаш нема да дојде до тоа – човештвото да нема што да прави. Луѓето секогаш ќе работат нешто, само што ќе се занимаваат со сѐ повеќе и понови технологии, истакнува технолошкиот стручњак.
Ново на Сител
-
79-годишна тетовчанка измамена за 16.000 евра и 10.700 швајцарски франци
-
За викеднот променливо време со повремен дожд и грмежи
-
Без вода дел од општина Ѓорче Петров
-
Приведено лице од велешко, предизвикало пожар на отворен простор
-
Дождот го изгасна пожарот во „Јасен“
-
Уапсено 27-годишно лице поради производство и дистрибуција на детска порнографија
-
Земјотрес со јачина од 7,5 степени го погоди преминот Дрејк, Чиле издаде предупредување за цунами
-
Премиерот Mицкоски на увид во градежните активности за санација на хидросистемот Ѓавато