Сметките за топлинска енергија отсега достапни и во електронска форма

Компанијата за снабдување со топлина Балкан енерџи, воведе нова услуга „е-фактура“ со која сметките за потрошена топлинска енергија ќе може да се добиваат по електронска пошта.
Според комапнијата со користење на оваа услуга потрошувачите добиваат поголема можност за контрола на добивањето, плаќањето и електронското архивирање на фактурите. Со неа, појаснуваат, корисниците на услугите на Снабдување со топлина Балкан енерџи ќе бидат сигурни дека секогаш навремено ќе ги добиваат фактурите за топлинска енергија и ќе имаат можност навреме да ги платат, со што ќе ја избегнат каматата за задоцнето плаќање.
Од компанијата посочуват дека одговорна компанија, во континуитет сите свои активности ги реализира според принципите за општествена одговорност и грижа за животната средина.
- Компанијата работи на подобрување на квалитетот на услугата што е во интерес на потрошувачите, но и во интерес на подобрување на квалитетот на животната средина во Скопје“, велат од Снабдување со топлина Балкан енерџи.
Услугата е достапна за сите корисници кои ќе пополнат, потпишат и достават формулар-барање директно во најблиската подружница. Формуларот може да се најде на интернет страницата на Снабдување со топлина Балкан енерџи http://beg-snabduvanje.com.mk или во сите подружници на Снабдување со топлина Балкан енерџи.
Ново на Сител
-

Просечната плата во септември зголемена за 156 денари, статистика пресмета дека изнесува 45.466 денари
-

Продавачите на стари книги ќе мора да ги напуштат тезгите од кеј до среда
-

Вештачката интелигенција навлегува и во медиумите
-

Македонците во Неиве слават 20 години духовен дом - празникот Св. Архангел Михаил ги обедини сите
-

Украина го доби, Русија го чека мировниот план на САД
-

Антикорупциска добива нов претседател на местото на Татјана Димитровска
-

Министерот Алиу презентираше анализи за застапеноста на кадрот во овој сектор
-

Општините се фузираат за да превенираат пожари на отворено
