Слушнале врисок од ќерката, влегле во ординацијата и останале без зборови!
Стоматолошката ординација “Smiles-U-Us“ во Каролтон, Џорџија, користи посебен метод да ги смири децата. Иако ова се прави во согласност со росителите, никој не очекувал вакви екстремни мерки.
Кога Џејмс Кроу и неговата мајка ја одвеле неговата ќерка Елизабет кај стоматологот за вадење на заб во чекалницата ја слушнале како вришти. Се обиделе да влезат во ординацијата, но не им дозволиле да ја видат.
- Седевме во чекалницата и одеднаш слушнавме врисок, вели Евелин Кроу, бабата на Елизабет.
Кога Џејмс сепак успеал да влезе, видел дека неговата ќерка е буквално врзана за стол.
- Ми беше неподносливо да ја гледам така заробена, вели таткото.
Од Здружението на стоматолози во Џорџија велат дека не постојат прописи кои на стоматолозите им забрануваат да користат помошни средства за смирување на немирните пациенти и дека тоа може да предизвика сериозни физички и психички последици.
Кога го прашале стоматологот кај кого била Елизабет зашто ја врзал, тој изјавил само дека „не сакала да соработува“.
Џејмс потпишал согласност, но не очекувал дека ќе користат такви драстични мерки.
Ново на Сител
-
Партиски препукувања за реформите во правосудството согласно планот за раст
-
Тема на денот со Дејан Мираковски, ректор на Универзитет „Гоце Делчев“
-
Tрамп со порака против независна Палестина
-
Експерти: Системската корупција е најголема безбедносна закана за државата
-
Филипче реагира на изјавата на Мицкоски
-
Секој петти Македонец живее во сиромаштија
-
Трамп денеска говори на ОН
-
Реакции по условната казна за онкологот Пешевска