Ракомет
12. March 2016 - 22:32

Словенките „се извлекоа“ во Кале

Женската ракометна репрезентација на Македонија претрпе минимален пораз од 22:21 од Словенија на вечерашниот натпревар од 4.коло од квалификациите за ЕП 2016. за разлика од првиот дуел одигран пред два дена во Марибор, македонската репрезентација прикажа многу подобра игра и само нијанси решија Словенија со два бода да замине од Скопје.

Во изедначеното прво полувреме во финишот избраничките на селекторот Симовски успеаја да изедначат на 8:8 и 9:9, а на полувреме Словенија водеше со 11:10.
Во вториот дел Словенија во неколку наврати имаше два гола предност, со шанса да ја зголеми, но не успеа во тоа. Откако во два наврати Македонија изедначуваше (18:18; 19:19) , во 55.минута нашата репрезентација го имаше и единственото водство 20:19. На крајот по водството на Словенија 22:21, нашите репрезентативки го имаа последниот напад, но гостинските ракометарки со честите фаули не дозволија удар кон нивниот гол.
Матеја Серафимовска имаше 11 одбрани, додека Стојановска постигна 5 голови, Ристовска и Гакидова по 4. Кај Словенија „новата вардарка“ Мавсар постигна 7 голови.
На вториот дуел во групата Црна Гора ја понеди Хрватска со 31:29.
Табела: Хрватска 6 бодови, Црна Гора 6, Словенија 4, Македонија 0.
Следниот натпревар Македонија го игра дома со Црна Гора на почетокот на јуни месец.