Словенија воведува ембарго на оружје за Израел
Словенија воведе ембарго за извоз, увоз и транзит на оружје во Израел, две недели откако прогласи двајца израелски министри за персона нон грата, објавија словенечките медиуми повикувајќи се на владино соопштение во Љубљана.
Мерката ја објави премиерот Роберт Голоб по состанокот на словенечката влада. Голоб рече дека Словенија е првата европска земја што презела таков чекор.
Словенија ја призна палестинската држава во јуни минатата година и оттогаш постојано повикува на прекин на огнот во Појасот Газа и зголемување на испораките на помош до енклавата.
Израел ги осуди изјавите од минатата недела на Франција, Велика Британија и Канада дека можеби ќе признаат палестинска држава, велејќи дека ова би била награда за палестинското исламистичко движење Хамас за неговиот напад на израелска територија на 7 октомври 2023 година.
МИА
Ново на Сител
-
Навроцки положи заклетва како нов полски претседател
-
Хирошима одбележува 80-годишнина од атомското бомбардирање
-
Националистички скандирања на Градски, Гаши вели „Навивачите покажаа достоинствен пример“
-
Димитриеска-Кочоска: Историски високи приходи во Буџетот за јули
-
Најмалку 20 мртви откако камион со храна се преврте врз цивили кои чекаа помош во Газа
-
Блумберг: Москва размислува за „воздушно примирје“ како опција
-
ОЈО бара притвор за дилер од Битола
-
ОН предупредува на „катастрофални последици“ ако Израел ја прошири воената операција во Газа