-->
-->
Словенија повторно се задолжува за да и помогне на економијата погодена од епидемијата
-->
Словенечката Влада реши повторно да е задолжи за да може да им помогне на граѓаните и економијата погодени од епидемијата на коронавирусот.
Владата им даде налог на банките да најдат пари за брзо задолжување.
Словенечкиот министер за финансии Андреј Ширцељ најави дека ќе се направат и законски измени, кои ќе и дозволат на земјата поголемо задолжување, а кажа дека се подготвува и ребаланс на буџетот.
Словенија во јануари веќе се задолжи за една и пол милијарда евра. Дел од парите за финансиска поддршка на економијата, што беше дел од т.н. „Мега корона Закон”, беа добиени од Европската централна банка, која на земјата и даде заем од една милијарда евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Одбележување на Меѓународниот ден на демократијата
-
Осумнаесет кандидати пријавени за изборната трка за градоначалник на Скопје
-
Русија го тестира Западот, притисокот мора да се зголеми, вели германскиот министер за надворешни работи
-
Протест на „Стоп за Вардариште“ со блокада на мостот „Близнаци“ во Скопје
-
Тошковски ќе присуствува на јавно уништување на запленети наркотични дроги и оружје
-
Истражна постапка против две лица осомничени за тепачка со смртни последици
-
Вучиќ пристигна во Осака на неколкудневна посета на Јапонија
-
Трамп го предупреди Израел да биде внимателен по нападот во Катар