-->
-->
Словенија обезбеди историски настап на олимпискиот кошаркарски турнир
-->
Актуелниот европски кошаркарски вицешампион Словенија за првпат во својата историја обезбеди пласман на Олимписките игри, откако вечерва во финалето на квалификацискиот турнир во Каунас ја совлада домашната репрезентација на Литванија со 96:85.
Словенечката репрезентација до својот историски пласман на завршницата од олимпискиот кошаркарски турнир што ова лето ќе се одржи во Токио ја предводеше Лука Дончиќ со 31 поени, 13 асистенции и 11 скокови. Кошаркарот на Далас веќе на полувреме имаше ефект од 21 поени, шест скокови и пет асистенции.
Словенија на Игрите во Токио (23 јули – 8 август) ќе игра во групата Ц против домаќинот Јапонија, Шпанија и Аргентина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Наместо гаснење на пожари и краткорочни мерки, онколошките пациенти бараат долгорочен канцер план
-
„Живи ќе изгоревме“, вели патничка од автобусот на ЈСП кој се запали во Сопиште
-
Македонската полиција се засили со нови 497 припадници
-
Земјоделците бараат поедноставни процедури за добивање средства од државните програми
-
Туристичкиот сектор кубури со кадар
-
Одбележан роденденот на Тоше
-
Преглед на вестите од светот