Словенија не ја затвора целосно границата кон Италија
И покрај најавите Словенија сепак не ја затвора целосно границата кон соседна Словенија, јави дописникот на МИА од Љубљана.
На шест гранични премини кон Италија се постевени таканаречени „влезни точки” каде што детално се прегледуваат патниците. Словенечките медиуми јавија дека сите оние кои сакаат да влезат во Словенија треба да покажат медицинска документација дека не се заразени со коронавирусот.
Уште синоќа словенечката Влада кажа дека и ако се целосно се затври границата тоа нема да важи за товарните возила.
Поради засилените медицински контроли на сите гранични премини на Словенија, денес се регистрирани и подолги задржувања на премините, посебно кон соседна Хрватска.
На одлуката да ја затвори границата кон Италија реагираше и францускиот претседател Емануел Макрон, кој синоќа изјави дека ваквата одлука е погрешна.
Ново на Сител
-
Наутро студено, преку ден сончево до 25 степени
-
Терористички напад во Тел Авив, шестмина мртви | ВИДЕО
-
Иран лансираше ракети кон Израел | ВИДЕО
-
Контрола во правно лице во Скопје, затекнати седум турски државјани кои незаконски работеле во државата
-
Почина жена на Клиника во Скопје
-
Скопјанец со автомобил намерно удрил во тинејџер при што го повредил
-
Пронајдена дрога кај осуденик во штипскиот затвор
-
Роднини од Врапчиште туркале судија и не му дозволиле да изврши увид