Словенија: Наставничка добила отказ откако одбила да се вакцинира и тестира против Ковид-19

На наставничка во основно училиште во Марибор и било врачено решение за престанок на работниот однос бидејќи одбила да се тестира или да се вакцинирана против Ковид-19, што е прв таков случај откако словенечката Влада ги заостри антиепидемиските мерки, пишуваат словенечките медиуми.
На наставничката од почетокот на учебната година и била одредена привремена забрана за работа бидејќи одбила да се тестира еднаш неделно и да носи маска во училницата, што е обврска пропишана од Министерството за образование. Таа сега е отпуштена.
Таа има право да поднесе жалба на одлуката за престанок на работниот однос во рок од две недели.
Според локалните медиуми, наставничката била активна во група против вакцинација, која неодамна упадна во студио на информативна програма, барајќи да престане „пропагандата” на владината кампања за вакцинација, а во видео на Фејсбук ги убедувала родителите да не ги испраќаат своите деца во „режимски и фашистички училишта”.
Ново на Сител
-

Грчките земјоделци одбија средба со Мицотакис и решија да ги интензивираат протестите
-

Катица Јанева на условна слобода од затворот Идризово
-

Митева: Денешниот настап на СДС претставува сериозна штета за медиумскиот простор во Македонија кој мора да биде јасно осуден
-

ЗНМ реагира на прес конференцијата на СДСМ
-

Кривична за шест ученици кои тепале двајца во училиште во Сарај
-

Македонските кикбоксери со 111 натпреварувачи на „Балкан бест фајтерс“
-

Ердоган по средбата со Путин: Мирот во Украина не е далеку
-

Граничниот премин Евзони (ГП Богородица) затворен за сообраќај
