Балкан
27. October 2015 - 18:34

Словенија најавува зајакнување на мерките на границата

Словенија предупреди дека ќе ги зајакне мерките на границата ако пропадне планот на Европска унија за запирање на бранот на мигранти преку Балканот.

Шефот на словенечката дипломатија Карл Ерјавец изјави дека новите мерки ќе вклучуваат затворање на граничните премини со Хрватска, ако земјата продолжи да пропушта голем број мигранти кон границата.

Од 16 октомври околу 84.000 луѓе ја преминаа границата на Словенија, откако мигрантскиот бран беше пренасочен кон нејзината граница по затворањето на унгарската граница со Хрватска.