Спорт плус
30. August 2017 - 22:41

Словенија и Чешка направија изненадување на ЕП во одбојка

Репрезентациите на Чешка и на Словенија направија изненадувања на ЕП во одбојка што се одржува во Полска. Во дуелите од осминафиналето Чешка го елиминираше европскиот првак Франција, а Словенија го победи домаќинот Полска.

Во првите два дуела Италија ја победи Турција,а Бугарија беше подобра од Финска.
На клупата на Турција како селектор македонскиот тренер Јошко Миленковски.
Резултати од 1/8 финале:
Италија - Турција 3-0 (25-16; 25-17, 31-29)
Бугарија - Финска 3-1 (23-25; 25-21; 25-11; 25-12)
Словенија - Полска 3-0 (25-21; 25-21; 25-19)
Чешка - Франција 3-1 (21-25; 25-21; 25-21; 25-20)
 
Во четвртфиналето утре ќе играат:
Србија - Германија,
Германија - Чешка, 
Русија - Словенија
Белгија - Италија.