Словенија ги замрзна цените на горивата
Со цел да се олесни состојбата на пазарот на горива, словенечката влада одреди максимални малопродажни цени на горивата.
-Словенците од утре ќе треба да платат 1.503 евра за литар безоловен бензин од 95 октани, а за литар дизел 1.541 евро, изјави министерот за економија Здравко Почивалшек
Мерката ќе важи 30 дена, јавуваат словенечките медиуми.
Министерот за економија Здравко Почивалшек пред новинарите изјави дека Владата одлучила да ја смири состојбата во делот на моторните горива, па ја поставила највисоката малопродажна цена во корист на граѓаните и стопанството.
Тој изјави дека во моментов нема потреба од ослободување на резервите на нафтени деривати.
Почивалшек истакна дека во Словенија има доволно количество гориво, така што нема страв од недостиг.Тој рече и дека овие цени се слични на оние што ги имале досега, можеби и малку пониски.
– Во моментов цените во Австрија и Хрватска се малку над словенечките, во Унгарија значително под словенечките и во Италија значително над нашите – рече министерот.
Премиерот на Словенија, Јанез Јанша, претходно ја најави ваквата одлука на Владата дека за неполни седум дена нема да има трето поскапување.
Ново на Сител
-

Законот за високо образование „под лупа“, професорите и студентите со сериозни забелешки
-

Тема на денот со Александар Николовски, поранешен претседател на УСС и Бленди Ходаи, претседател на Форум за образовни промени
-

Обвинтиелството без детали - партиите се обвинуваат меѓу себе
-

Доживотна казна затвор за штипјанецот кој ја уби мајка си
-

Доктори од Словенија: Онколошки пациенти се лекувале со погрешна терапија
-

Речиси 5000 казни за една недела од Сејф сити, најголем број за брзо возење
-

Сејф сити им донесе проблеми на приватните превозници
-

ССМ утре ќе го блокира Собранието, пратениците на работа ќе одат пеш
