Словенечко пожарникарско друштво донираше опрема за пожарникарите во Берово
Доброволното пожарникарско друштво „Толмин” од Словенија, кое со своите пожарникари-доброволци помогнаа да се изгасат огромните шумски пожари во Малешевијата, донираа лична пожарникарска опрема на своите колеги од Територијалната противпожарна бригада од Берово.
– Донирана е лична пожарникарска опрема, договор за соработка и обука и создадено силно пријателство со доброволното пожарникарско друштво „Толмин“ од Словенија. Договорена е и поголема донација на пожарникарска опрема која веќе нашите искрени пријатели ќе ја обезбедат со пристигнување во својот дом во Словенија. Планирана и обука во Словенија на нашата противпожарна бригада која би се реализирала во текот на следната година, информираа од oпштината.
Отааму изразија очекување дека пријателството и врските кои се создадоа како резултат на искрената благодарност за незаменливата помош и поддршка која ја дадоа словенските пожарникари и во иднина ќе вродат со соработки во насока на опремување и поддршка и зголемување на капацитативноста на нашата противпожарна бригада.
– Нашите искрени пријатели, словенските пожарникари ги испративме утрово, симболично со вклучени сирени уште еднаш неизмерно заблагодарувајќи се за помошта која ја дадоа во гаснењето на пожарите, посочија од општината.
Ветија негување на соработката со вечно сеќавање за она што го направија за сите Малешевци.
Ново на Сител
-
ЦУК: Четири активни пожари, три под контрола
-
Трамп нагласи дека имал „многу добар разговор“ со европските лидери
-
Шефот на НАТО вели дека Европа и Трамп се обединети во напорите за завршување на војната во Украина
-
Пожарите во Албанија не стивнуваат, најкритично во Делвина и Финиќ, опозицијата бара прогласување вонредна состојба
-
Вучиќ најави дека нема да се кандидира на следните избори
-
Венс: Трамп ми рече дека има мисија да го врати мирот во Европа
-
ЦУК: Пожар од поголеми размери избувна кај Октиси, авион на ДЗС на пат кон локацијата
-
Полицаец во Кичево физички нападнал повикано лице во полициска станица